Фудбалерите на АП Брера и Пелистер играат без голови 0-0 на полувреме во последниот натпревар од 2. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Двата тима почнаа внимателно па по првата половина на првиот дел немаше многу шанси. Пвата шанса ја имаа гостите во 24. минтуа кога Стојанов и Ивановски имаа двојна шанса, а по целата мешаница главниот судија на мечот, Ѓорѓиев се консултираше со ВАР собата за потенцијално играње со рака, но од таму доби информација дека се било чисто и дека натпреварот може да продолжи.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Нзеге во 30. минута, но Ѓорѓиев поради играње со рака го поништи овој погодок.
Гостите нова шанса имаа преку Булатовиќ во 36. минута кој беше оставен сам без играч, но биеше покрај голот на противникот. До крајот на првиот дел мируваа мрежите за 0-0 по 45 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

