Без голови по првиот дел: Казахстан покажува желба, Македонија со три супер шанси

Казахстан и Македонија по првите 45. минути играат без голови. Можеше да биде поинаку, барем по еден гол во двете мрежи, откако Казахастан беше подобар ривал во првите 30 минути, а Македонија се разигра во последните 15 од полувремето.

Казахстанците се покажаа како жилав противник, со висок пресинг не дозволуваа на нашите репрезентативци да ја изнесат топката. Неверојатното промашување на Чесноков, кој од 2-3 метри со глава го префрли голот, направи гостите да немаат водство во таа 19. минута, а потоа во 26. минута прилика и за Киров, а топката профуче крај левиот дирек.

Следуваше 34. минута кога во еден напад, Македонија имаше три добри шанси. Најпрво Ристовски по проигрување од Илиевски, за Сеисен да одбрани во корнер. Потоа од корнерот Велковски со глава, и повторно одбрана на Сеисен во корнер, од кој со глава се обиде и Велковски, овојпат топката оди само крај голот.

Дефинитивно Македонија ја најде противиграта и рецептот како треба да се игра против Казахстан, но и во исто време да се биде внимателен во одбрана, затоа што Казахстанците покажаа желба и знаење да дојдат до голот на Димитриевски со неколку обиди. Нема да биде лесно да се добијат трите бода на овој натпревар, барем по она што го видовме во првото полувреме.

Се вчитува...