Без гостински навивачи – Сити парк бојкот!

Денешниот втор натпревар од финалната серија во кошаркарскиот плејоф повторно ќе мине без гостински навивачи, откако приврзаниците на Работнички останаа достојни на најавите дека нема да дојдат во СЦ „Јане Сандански“.

Управата на МЗТ Скопје соопшти дека вратите на салата ќе бидат отворени за навивачите на двете екипи, но фановите на Работнички најавија дека нема да дојдат во Аеродром во знак на поддршка за својот клуб, кој во изминатите денови преку соопштенија беше напаѓан од страна на „металците“.

„Сити парк бојс“ останаа на дадениот збор, па на трибината каде вообичаено се наоѓаат гостинските навивачи овојпат стои голем транспарент „Сити парк бојкот“.

Се вчитува...