Без изненадување: Одличниот Мбапе ја однесе Франција во 1/4 финалето (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Франција е третиот четвртфиналист откако попладнево ја совлада селекцијата на Полска со 3-0. Со по еден гол во двете полувремиња, Французите успеаја да победата. Со исклучок на 2-3 моменти на деконцетрација на одбраната, кога Полска се закани, Франција ја имаше контролата на играта и на резултатот од овој меч.

Жиру уште во 30. минута го промаши невозможното, а потоа Полска можеше да казни преку Зиелински и Камински, но не го најдоа патот до голот. Најпрво Лорис беше одличен на голот, а потоа спасуваше од гол линијата и Варан.

Затоа на другата страна во 44. минута Мбапе асистира до Жиру кој одлично со левата нога рутинирано го совлада Шчесни.

Во вториот дел Полска се обидуваше, но никако не ја добиваше битката на средината на теренот. Франција имаше уште една шанса, а дефинитивната елиминација на Полјаците ја потврди Мбапе кој доби топка од Дембеле, и ја заби во мрежата на Шчесни за 2-0 во 74. минута.

За победата да биде повисока, се покрижи Килијан Мбапе кој го постигна петтиот гол во Катар. Во судиското надополнување успеа да даде прекрасен погодок, и со втор гол да ги постави конечните 3-0. Тој е човекот на натпреварот, со оглед дека имаше асистенција и два гола.

Во финишот Полска само преку Милик ја погоди стативата, а почесниот гол за Полјаците стигна од пенал во деветтата минута кога Левандовски од втор обид (првиот беше поништен поради прерано излегување на Лорис кој одбрани), успеа да го совлада францускиот голман и да го намали резултатот.

Се вчитува...