Италијанскиот тенисер Јаник Синер успеа да се пласира во финалето на Австралија опен каде ќе ги одмери силите против Александар Зверев.
Првиот на АТП листата Синер успеа да го совлада Американецот Бен Шелтон кој е 21. во светот со 3:0 по сетови 7:6(2), 6:2, 6:2 за два часа и 38 минути игра.
Шелтон падна по првиот сет. Синер веќе на стартот успеа да направи двоен брејк и да поведе со 4:0. Американецот успеа да освои два гема, но потоа Италијанецот стигна до три сет топки на свој сервис и го искористи првиот за 6:2 и 2:0 во сетови.
Слична ситуација се одвиваше и во третиот, решавачки сет. Сепак, Шелтон влезе подобро, но падна во петтиот гем. Синер направи брејк, па уште еден во седмиот гем, а потоа на свој сервис стигна до победата.
Претходно Зверев стигна до финалето, откако Новак Ѓоковиќ поради повреда го предаде мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

