Без конкуренција: Ова е најсмешниот автогол во 2022 година (видео)

Најсмешниот автогол во оваа 2022 година можевме да го проследиме на вчерашниот дуел од Лигата на Шампиони на Азија, на натпреварот меѓу кинескиот клуб Гвангжу и малезискиот првак Јохор.

Трагичар беше голманот на Гванжу, Липан Хе, кој се посрамоти откако топката наместо да ја фати, му мина низ рацете, удри во неговата нога и заврши во мрежата. Овој автогол значеше и водство на Јохор од 2-0, за малезискиот шампион до крајот да стигне до преубедлива победа од 5-0.

Неверојатниот „кикс“ на неспретниот голман можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...