Сосема очекувано, најдобриот македонски репрезентативец Војдан Стојановски е прогласен за МВП на турнирот „Трофеј Македонија“ кој изминатите три дена се одржа во Скопје.
Стојановски беше вистински лидер на македонскиот национален тим кој стигна до три победи на турнирот. Иако доби заслужен одмор на дуелот против БиХ, Војдан Стојановски беше предводникот на Македонија на дуелите против Португалија и Холандија.
На „Трофеј Македонија“, македонската селекција со три победи триумфираше пред БиХ која имаше две победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА