Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ, нема да игра вечерва во Орадеа во пресметката против Романија во рамките од претквалификациите за Светското првенство. Мекиќ има болки во коленото, и затоа вечерва нема да се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски.
На неговото место Илиевски се одлучи да го вклучи Марко Миловановиќ. Исто така за овој меч селкекторот нема да смета на Тома Стојаноски, додека во конкуренција ќе биде Никола Василевски, кој ги чека првите минути во сениорскиот тим на Македонија.
За Македонија ова е трет меч во претквалификациите, и ќе ја бара првата победа, откако во првите два меча бевме поразени од Романија на домашен терен и од Унгарија како гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

