Роберт Левандовски ја трасираше фантастичната кариера во дресот на Борусија Дортмунд, но полскиот ас воопшто не покажува милост за овој поранешен клуб од моментот кога си замина од „Вестфален“.
Тој вечерва повторно се запиша меѓу стрелците на меч против Борусија, стрелајќи прецизно со глава на асистенција на Рафиња за водство од 2-0 на каталонскиот гигант. За мизеријата на Германците да биде уште поголема, нивниот поранешен миленик кон средината на второто полувреме стрелаше уште еднаш, овојпат за 3-0.
Бројките се застрашувачки, за Левандовски ова беше 29. гол во кариерата против „милионерите“ од Дортмунд, на вкупно 28. меч против овој ривал. Просекот од над еден гол по натпревар, на така голем број на одиграни средби е навистина неверојатен, но само потврдува во каква форма и со каква мотивација игра Полјакот со овој ривал.
Впрочем, 29-те гола против Борусија е најголема бројка што Левандовски ја има достигнато против било кој ривал во неговата блескава кариера.
За Левандовски ова беше вкупно 105. погодок во ЛШ во кариерата, единаесетти оваа сезона во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА