Пред македонската кошаркарска репрезентација е предизвикот наречен „Мундобаскет 2023“ за кој силите ќе си ги одмериме со Шпанија, Украина и Грузија. Првиот квалификациски прозорец започнува веќе в петок против актуелниот светски шампион Шпанија, која и покрај тоа што „црвената фурија“ во Македонија доаѓа со „трет тим“, важи за апсолутен фаворит.
На избраниците на Драган Бајиќ нема да им биде полесно ниту со Украинците, чија кошарка е во нагорна линија, а поготово доколку се земе во обѕир тоа дека во „црвено-жолтиот“ состав нема да бидат Љубомир Младеновски и Стојан Ѓуроски.
Кошаркарите на Пелистер ќе ги пропуштат овие средби против стомачен вирус, односно повреда на мускулот, потврди селекторот Драган Бајиќ.
„Младеновски дојде на собирот, но имаше проблеми со вирус, па голем е ризикот да го впуштиме во овој натпревар, затоа што може да ја зарази екипата. Ѓуроски исто така дојде, почувствува болки во мускулот, ги направивме сите прегледи и тој исто така нема да помогне“, изјави селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА