Силекс и АП Брера играат без голови по првото полувреме во последниот натпревар од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига сезона.
Апсолутно без многу фудбал одиграа двете екипи, без посериозни возбудувања пред двата гола на крајот за очекувани 0-0.
Единствената посериозна шанса во првото полувреме беше во 13. минута кога Алиќ шутираше кон голот на гостите, но не успеа да го загрози противникот за водство на својот тим. И тоа беше се од двата тима.
АП Брера од 28. минута е со фудбалер помалку, по директниот црвен картон за младиот Никола Величковски кој неспретно стартуваше над домашниот дефанзивец Џеков и оправдано доби исклучување.
ПМФЛ – 1. КОЛО (прво полувреме)
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 0-0
ПРЕТХОДНО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1
Куманово: БАШКИМИ – АРЕСИМИ 1-1
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

