Манчестер јунајтед и Ливерпул одиграа без победник (1-1) во големата дерби пресметка на англискиот фудбал во 9. коло од Премиерлигата. Ливерпул, на тој начин, и натаму останува единствената непоразена екипа сезонава во Премиерлигата.
Во возбудлив натпревар, Манчестер јунајтед поведе со голот на Рашфорд во 36. минута…
Ливерпул потоа имаше јалови напади, без нешто позабележително за израмнување, но кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со триумф на „црвените ѓаволи“, тимот на Јирген Клоп израмни во 85. минута со голот на Лалана кој стрелаше за „црвените“ по цели 18 месеци.
Ливерпул сега со 25 бода, е со шест бода предност во однос на второпласираниот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА