Глазгов Ренџерс и ПСВ одиграа без победник 2-2 во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите, за пласман во групната фаза во елитното натпреварување. Иако фудбалерите на Ренџерс двапати водеа, сепак, на крајот мораа да се задоволат со нерешен резултат против холандскиот тим, а патникот во групната фаза ќе се решава во Ајндховен.
Сима во 45. минута со убав гол донесе предност за Глазгов, додека Сангаре во 61. минута израмни. Матондо во 78. минута донесе нова предност, а две минути подоцна искусниот Лук де Јонг израмни.
Копенхаген се доближи до групната фаза, откако го совлада составот на Раков од Полска со 0-1. Единствниот гол беше автогол на Раковицан уште во 9. минута.
Антверпен и со играч помалку успеа да го совлада составот на АЕК Атина во првиот меч минимално со 1-0. Јансен го постигна единствениот гол за белгискиот првак, но на реваншот во Атина, грчкиот првак ќе има добра можност да се реваншира и да дојде до групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

