Шкендија и Силекс играа без предност (1-1) на полувремето од дербито во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Двата погодоци досега беа веќе во првите десет минути од средбата. Уште на самиот почеток од мечот, Силекс поведе со 0-1 благодарение на погодокот на босанскиот интернационалец Алиќ.
Веќе во 5. минута, по една убава акција, Алиќ најдобро се снајде во мешаницата пред голот на домашните и стрелаше за 0-1…
Но, веќе во 10. минута Шкендија успеа брзо да израмни со мајсторскиот гол со пета на Крстевски, а на асистенција на Тамба…
На останатите дуели, гол по првите 45 минути има само уште во Струмица каде Шкупи води со 0-1 на гостувањето против АП Брера.
Чаирчани до предноста дојдоа со погодокот на Емануел Аворнијо во 31. минута од средбата.
ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ 0-1
Аворнијо 31′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1
Крстевски 10′ – Алиќ 5′
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 0-0
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

