Без реализација не може да се победат ниту Фарски острови (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев

ФОТО: Роберт Спасовски

Македонската репрезентација со еден бод го стартуваше четвртото издание во Лигата на Нации. Во игра со многу осцилации, многу падови, Македонија не искористи три добри шанси за пресврт во Торшавн, па остана без победата против Фарски Острови. Не може да се победи ниту една селекција ако не се користат шансите, а Македонија во вториот дел ги имаше да направи целосен пресврт.

Покрај реализацијата проблем беше и борбата на теренот кај нашите репрезентавци нешто за што говореа и селекторот Милевски и дефанзивецот Серафимов. Мора да се променат многу работи доколку Македонија сака во вторник на арената „Тодор Проески“ во Скопје да слави против Ерменија.

 

Се вчитува...