Македонија ќе биде без селекторот Благоја Милевски на клупата на гостувањето против Казахстан во понеделник (9. јуни) во Астана.
Селекторот Милевски заработи жолт картон во 82. минута, а потоа и црвен поради вербален дуел со четвртиот судија, на вечерашниот дуел против Белгија на арената „Тодор Проески“ поради што ќе мора да го пропушти дуелот со Казахстан.
Милевски секако ќе биде во Казахстан, но Македонија од клупата ќе биде предводена од асистентите на „Сер Боби“, Роберт Стојановски и Влатко Гроздановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

