Без срце и енергија, буквално на секој меч, не се игра во националниот дрес! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација потфрли на пријателскиот натпревар со Хрватска во Ријека на кој домашните без многу труд, рутински демонстрирајќи ја сета своја фудбалска моќ лесно дојдоа до убедлива победа од 3-0.

Хрватите можеби и не ја надиграа Македонија на „Рујевица“ со оглед на фактот дека се штедат силите за настапот на ЕВРО 2024, но и тоа како лесно покажаа како се реализира посакуваната цел, посебно кога се настапува во националниот дрес.

А, без разлика на фактот што се играше натпревар без резултатско значење, јасно е дека секој македонски репрезентативец во македонскиот дрес на секој меч мора со многу повеќе срце и енергија кои денеска и тоа како ги немаше во Ријека. Анемичниот однос на теренот кој можеби е и слика на тоа што поголемиот дел од репрезентативците речиси и да не настапуваа за свооите клубови изминатава пролет, пред се оние од кои најмногу се очекува како Елмас, Алиоски, Трајковски, Ашковски, Чурлинов…, и тоа како треба да ги загрижи селекторот Милевски и стручниот штаб во очекување на новиот квалификациски циклус низ Лигата на нации…

 

Се вчитува...