Без Стоилов на клупата… Михајло: Сметам дека ова не е момент Столе да го води Вардар

Именувањето на Иван Чупиќ за нов тренер ќе значи и дефинитивно напуштање на Стојанче Стоилов од функцијата во тренерскиот тим на Вардар.

Легендарниот капитен во последните години беше дел од стручниот штаб, според многумина беше и идеален кандидат за нов тренер кога Милано ќе си замине, но Михајло Михајловски оценил дека Стоилов не е доволно подготвен за оваа одговорна функција.

„Стоилов е икона на Вардар и за него секогаш има место во Вардар. Јас многу го ценам него, но сметам дека во моментов не е подготвен да го води првиот тим, тоа е мој став, не само мој, туку и на моите најблиски соработници. Сепак, вратите за него секогаш се отворени и дополнително ќе решиме која улога ќе ја има во иднина. Ние долго размислувавме, но на крајот донесовме одлука  дека според нас Чупиќ во моментов е подобра опција за тренер од Стоилов. Пред два дена се договоривме со Чупиќ и тој веднаш дојде овде… Стоилов моментно е на годишен одмор и не е во Македонија. Кога ќе се врати, ќе се разговара со него, каде се гледа себе и каква функција би извршувал“, истакна Михајло Михајловски на денешната прес-конференција.

Иван Чупиќ обелодени дека имал разговор со Стоилов, меѓу редови најавувајќи дека легендарниот капитен нема да седи крај него на клупата на „црвено-црните“.

„Зборував со Столе пред два дена, пред се да кажам дека теој е мојот брат, мојоот капитен… имавме нормален, ччовечки пријателски натпревар, она што зборувавме ќе остане меѓу нас… но како што рече претседателот тој е икона на Вардар и со него дополнително ќе биде разговарано“, изјави Иван Чупиќ.

Се вчитува...