ЕКИПА во Малта,
Горан Бошев
Македонија ќе биде без првиот голман Столе Димитриевски на утрешниот натпревар против Малта во квалификациите за ЕП 2024.
Димитриевски допатува со националниот тим во Малта, но за жал по денешните нови лекарски прегледи, како што дознаваме, најверојатно нема да може да му помогне на тимот поради повредата која ја заработи на катастрофалниот терен на арената „Тодор Проески“ во Скопје на натпреварот против Италија.
Македонскиот голман во првото полувреме од мечот против Италијанците при една интервенција со коленото зафати една од дупките на теренот на најголемиот македонски стадион, па при незгодниот пад го повреди грбот. Успеа да го издржи дуелот со Италија, но сега е дефинитивно јасно дека нема да може да настапи.
Неизвесен за настап е и Аријан Адеми, кој исто така е со репрезентацијата во Малта, меѓутоа се уште ја влече повредата на листот. Адеми, по реализацијата на трансферот во Динамо Загреб, се врати во националниот тим со соиграчите и посака да биде со А-тимот и во Малта.
Сепак, до утре, ќе биде и дефинитивно познато дали ќе може со одредена минутажа да биде на располагање на селекторот Благоја Милевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА