Фудбалскиот мегаспектакл меѓу Македонија и Шпанија е генерална проверка на организациско ниво и пред Суперкупот на Европа, дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, што ќе се игра на 8.август во Скопје. Токму затоа и безбедносните мерки за овој меч се подигнати на максимално ниво. Полицијата ги „тресе“ сите кои доаѓаат кон нашиот најголем стадион, а се проверува и секој автомобил со детектор за експлозивни направи.
Фановите мораат да минат три безбедносни кругови пред да влезат на трибините на стадионот „Филип Втори“, а има огромно присуство на полициски структури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА