Беѕеки до пол-позиција на Мизано

Возачот на Априлија Марко Беѕеки е освојувач на пол-позицијата на големата награда на Сан Марино која се вози на легендарната патека Мизано.

Беѕеки до пол-позицијата стигна со одлично возење пред Алекс Маркез на Грисини, а од првиот ред друштво ќе има прави и Фабио Квартараро на Јамаха.

Од вториот стартен ред ќе тргне водечкиот во генералниот пласман Марк Маркез на Дукати, а во топ 10 уште се најдоа и: Морбидели, Марини, Диџантонио, Бањаја, Акоста и Алдегер.

Спринт трката е закажана за денеска со почеток во 15 часот, додека главната трка е закажана за утре од 14 часот.

Се вчитува...