Беѕеки најбрз и на спринтот во Индонезија

Возачот на Априлија, Марко Беѕеки стигна до победа на спринт трката за големата награда на Индонезија која се возеше на патеката Мандалика.

Италијанецот иако стартуваше од пол-позицијата направија голема грешка па по првиот круг беше на осмата позиција. Сепак, со одлично возење до крајот успеа да стигне до триумф претркувајќи го второпласираниот Фермин Алдегер на Грисини во последниот круг.

Подиумот го надополни Раул Гонзалезе на сателитската Априлија. Марк Маркез заврши како седми откако доби казна на стартот на трката поради инцидентот што го имаше со Алекс Ринс.

Бањаја повторно беше катастрофален завршувајќи на последното четиринаесетто место.

Се вчитува...