Марко Беѕеки на Априлија е освојувач на пол-позицијата за големата награда на Индонезија во Мото ГП шампионатот.
Италијанецот на патеката Мандалика до пол-позицијата стигна пред Фермин Алдегер на Грисини и Раул Фернандез од Трекхаус. Новиот шампион Марк Маркез кој вчера на вториот тренинг доживеа два пада трката ќе ја стартува од деветтата позиција.
Неговиот брат Алекс Маркез ќе стартува како седми, додека Франческо Бањаја има нов катастрофален викенд и спринтот и главната трка ќе ги почне од 16. место. Спринт трката во Индонезија е закажана за денеска со почеток во 9 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

