Возачот на Априлија, Марко Беѕеки е победник на последната трка во Мото ГП шампионатот која денеска се возеше за Големата награда на Валенсија.
Италијанецот до победата стигна со убедливо возење уште од самиот почеток. Второто место му припадна на возачот на Трекхаус Априлија, Раул Хернандез, додека подиумот го надополни Фабио Диџантонио на ВР46.
Во топ 10 се најдоа уште и: Акоста, Алдегер, Алекс Маркез, Марини, Биндер, Милер и Бастијанини.
Франческо Бањаја повторно не успеа да ја заврши трката откако имаше излетување уште од првиот круг, а од претходно е познато дека Марк Маркез поради повреда одлучи да го пропушти крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

