Напаѓачот на Ливерпул и на египетската репрезентација, Мохамед Салах, втора година по ред е прогласен за најдобар африкански фудбалер во изборот што го прави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Во изборот во кој годинава учествуваа рекордни 650.000 гласачи, Салах ги победи соиграчот од Ливерпул, Садио Мане, Мехди Бенатија од Јувентус, Калиду Кулибали од Наполи и Томас Партеј од Атлетико Мадрид.
Во минатата сезона Салах за Ливерпул постигна 44 гола во 52 натпревари, за Египет постигна два гола на Светското првенство во Русија, а претходно со два гола во клучниот натпревар од квалификациите ја одведе неговата репрезентација на Мундијалот првпат по 1990 година.
Салах е првиот по Џеј-Џеј Окоча што ја освоил оваа награда две години по ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА