Британски Би-Би-Си предизвика силни реакции во фудбалската јавност и пред се меѓу фановите на португалската репрезентација со исмејувањето на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо за време на осминафиналето на ЕВРО 2024 против Словенија.
Кога Јан Облак му го одбрани пеналот на португалската легенда, Би-би-си се појави со коментар „Мистиано Пеналдо“ во својата програма во живо, што беше забележано од бројните навивачи на Роналдо кои потоа отворено изразија незадоволство од непрофесионалноста на Англичаните.
Сега, од Би-би-си се појавија со објаснување за тоа…
„Насловот беше само игра со зборови, што сме го правеле многу пати во анализата на графиките на програмата ‘Меч на денот’. Немавме намера да го навредиме Кристијано Роналдо“ – соопштија од Би-Би-Си.
Mistiano Penaldo😭 pic.twitter.com/EQM8QFk0JZ
— Tom (@ThomasHJHazell) July 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА