Францускиот интернационалец Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид ова лето, а шпанските медиуми веќе наголемо го најавуваат неговиот трансфер во шампионот Барселона. А за да се пресели на „Камп Ноу“, Французинот ќе мора да се согласи на намалување на годишната плата, и тоа за 6 милиони евра.
Гризман во Атлетико Мадрид заработуваше 23 милиони евра по сезона, и токму поради значителното зголемување и одлучи да остане на „Ванда Метрополитано“ минатото лето, потпишувајќи нов договор. Но, сега одлучи да замине и да побара нов предизвик, а Барселона му нуди плата од 17 милиони евра и петгодишен договор.
Трансферот треба да се реализира по 1 јули кога отштетната клаузула ќе падне од 200 милиони евра на 120 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА