Втора победа за Академија ФМП во дебитантската сезона во БИБЛ Лигата. Македонскиот претставник го совлада тимот на Балкан со 77:75, благодарение на големиот пресврт на последната четвртина.
Лош почеток имаше Академија ФМП, кој ја загуби првата четвртина со пет разлика, а лошо беше и во втората кога противникот беше подобар со 16:24, и гостите на полувреме заминаа со +13 (31-44).
Сепак, во вториот дел целосно будење на избраниците на Александар Петровиќ. Како одминуваше времето, разликата се топеше, па на крајот од третиот дел таа изнесуваше само шест. Во последниот период Академија ФМП се надмина себе си и го доби натпреварот. Последната четвртина тимот од Кисела Вода ја доби со 24-16, за пресврт и нов триумф во регионалното натпреварување.
Стефан Крстајиќ ги предводеше „Академци“ до победа со 25 поени, предводен од Ајви со 18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА