Кошаркарите на Кожув го забележаа и третиот пораз во БИБЛ лигата, губејќи на гости во Призрен од Башкими со 80-76. Домаќинот успеа да го сврти мечот во своја корист во последната четвртина која ја доби со осум поени разлика (20-12).
Првиот период минимално му припадна на Кожув, но Башкими на полувреме замина со предност од шест поени (47-41). Гевгелискиот тим имаше одлична трета четвртина и дојде во водство во пресрет на последните десет минути (60-64), но потоа следеше голем пад во решавачкиот период.
Џордан Капс со 24 поени беше најефикасен во таборот на Башкими, а Никола Караколев постигна 18 поени во составот на Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА