Македонскиот претставник Куманово доживеа пораз од четири поени разлика (83-79) од Пеќ во првиот полуфинален натпревар од БИБЛ. Реваншот ќе се игра во Куманово, па кошаркарите на Марјан Србиновски ќе треба да покажат повеќе пред својата публика, доколку сакаат да бидат дел и од финалето. На клупата на косовскиот тим Пеж се наоѓа исто така македонски стратег, Александар Тодоров.
Пеќ поведе со 20-14 по првата четвртина, а со иста предност замина и на полувреме (38-32). Кумановци одиграа добар трет период и намалија на само еден поен негатива (55-54) во пресрет на решавачката последна четвртина. По неизвесна борба, Пеќ сепак успеа да дојде до триумф и позитива од четири поени, пред реваншот во Куманово.
Јонел Браун беше фантастичен во составот на Куманово, постигнувајќи 33 поени, а 11 уфрли и Стефан Живановиќ. Кај домаќинот Пеќ најефикасен беше Роберт Абрамовиќ со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА