ФМП Академија го забележа и петтиот пораз сезонав во регионалната БИБЛ лига откако загуби на гостувањето кај Балкан со 80-71. Клучна во натпреварот беше третата четвртина која домаќините ја добија со десет поени предност и пред последните десет минути имаа позитива од 64-51.
До крајот ја задржаа предноста за трета победа сезонава во регионалното натпреварување. Дерик Маркс со 27 поени беше прво име кај победникот, додека во македонскиот состав Били Ајви заврши со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА