БИБЛ: Нов пораз за ТФТ во Бугарија, овој пат од Академик

Во вториот натпревар на мини-турнејата во Бугарија, ТФТ го заработи и вториот пораз откако загуби од Академик со 80-75. Избраниците на Смилковски имаат за што да жалат на овој натпревар, бидејќи бугарскиот состав не беше подобар од македонскиот, но лошата реализација од поле со само 37%, како и 51% реализација од линијата за слободни фрлања беше клучна за поразот. Во сенка на натпреварот ќе остане и повредата на Андреј Митревски кој во првото полувреме се полажи на повреда на грбот и не влезе во игра во продолжението од натпрварот.

Двата тима во грч го отворија натпреварот. ТФТ одигра одлично во одбраната, го затвори пристапот до рекетот и ги примора домаќините на обиди од неизградени позиции, меѓутоа избраниците на Смилковски не се прославија во шутот на спротивната страна. ТФТ реализираше само 5 од 15 обиди па по десет минути игра па нашиот состав имаше предност од 14-16. Избраниците на Смилковски продолжија да го контролираат скокот и на почетокот на вторите десет минути, а на момент проработе и шутот па поведоа со 19-26. Сепак бугарскиот состав успеа да се консолидира, заигра поагресивно на двата дела од теренот и го наруши ритамот на ТФТ. Скопскиот состав се мачеше во нападот, немаше добар проток на топката па нападите се сведуваа на индивидуални квалитети. Тоа го искористи Академик кој до полувремето поведе со 36-34.

Отварањето на второто полувреме не донесе многу промени на паркетот. Двата тима не успеваа да најдат напаѓачки ритам, преовладуваше големиот број на изгубени топки, но домаќините беа оние кои први ја превземаа иницијативата. Со подобрата игра во завршетокот на третата четвртина и серијата на погодени шута, меѓу кои и за три поени, Академик стигна до првата значајна предност на натпреварот од +9 (56-47). Избраниците на Смилковски запретија на почетокот на последната четвртина, стигнаа до негатива од два напада, меѓутоа со агресивната одбрана домаќините повторо го нарушија ритамот на македонскиот тим и стигнаа до првата двоцифрена предност (69-59). Последниот обид за враќање во натпреварот ТФТ го имаше на четири минути пред крајот на натпреварот, кога преку преку серијата од 6-0 на Тај Харис стигнаа до негатива од 69-65, која за жал не беше доволна за целосен пресврт.

Најрасположен во тимот на Смилковски повторно беше Тај Харис со 24 поени и 9 асистенции, него го следеше Хортон со 18 поени, додека како двоцифрен натпреварот го заврши и Лахланд Андерсон со 15 поени.

Се вчитува...