Со само шест екипи на 16 октомври ќе почне 11. сезона во БИБЛ лигата. Единствен македонски преставник ќе биде составот на Кожув. Покрај него во натпреварувањето ќе бидат и поранешните освојувачи на лигата, Приштина и Берое потоа дебитантот албанската Теута, вториот претставник на Косово, Башкими, како и вториот тим од Бугарија, Академик.
Во регуларниот дел од сезоната ќе бидат одиграни 10 кола. Најдобрите четири екипи ќе се сретнат во полуфиналињата кои ќе бидат одиграни по системот дома-гости. Финалистите за титулата ќе играат серија, подобар од три.
Во првото коло Кожув ќе игра на домашен терен против екипата на Приштина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА