ТФТ го забележа и вториот пораз во втората фаза од БИБЛ лигата откако во Скопје загуби од Макаби Хаифа со 73-93. Македонскиот состав беше подобар противник само во првата четвртина по која фаворизираните гости ги земаа работите во свои раце и лесно стигнаа до уште една победа во регионалното првенство.
По изедначената игра на самото отварање на средбата, ТФТ успеа да го наметне своето темпо во нападот и благодарение на течната игра поведе со 25-16 по првите 10. минути, но гостите навремено ги консолидираа своите редови. Израелците ја зацврстија одбраната со што веќе до крајот на првото полувреме стингаа до минимална предност (38-40).
Добриот ритам на Макаби Хаифа продолжи и во второто полувреме со што веќе до крајот на третата четвртина преднсота се искачи на +11 (55-66), за дилемите да победникот да бидат решение веќе на отварањето на последните десет минути во кои израелскиот состав не дозволи враќање на ТФТ, напротив со серија од 12-2 стигна до 57-78 за мирен финиш на мечот.
Со 21 поен и 4 скока Страхил Николов беше првото име кај ТФТ. Него го следеа Смит со 14 поени и 6 скока, односно Хортон со 12 поени и 6 скока. Предводник на гостите беше Тејлор со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока, додека 17 поени и 6 асистенции додаде Вон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА