По серијата на добри игри, уморот ги стигна избраниците на Боро Смилковски кои потфрлија на првиот натпревар во Бугарија оваа седмица, губејќи на гостувањето кај Берое со убедливи 108-73.
Домашниот состав подобро го започна натпреварот. Благодарение на шутот за три поени и изгубените топки во составот на ТФТ, стигна до двоцифрена предност (15-4) уште по две и пол минути игра. Тимот од Тафталиџе не можеше да ги консолидира своите редови, грешките во нападот носеа лесни поени за гостите во транзиција па по десет минути игра на семафорот стоеше предност од 34-25. До продолжението од првото полувреме, ТФТ усепеа да заигра постабилно во нападот и одбрната, но не успеа и да ја намали високата предност на домашниот состав. На полувремето резултатот гласеше 60-46.
ТФТ продолжи да се мачи во нападот и во второто полувреме. Лошиот проток на топката ги исфрли од ритам избраниците на Смилковски кои постигнаа само осум поени во третата четвртина. На спротивната страна Берое продолжи да ја игра својата игра, ги користеше грешките на македонскиот тим и дополнително ја зголеми предноста на +35 (89-54). Последната четвртина беше само формалност во која шанса добија и младите македонски кошаркари.
Тај Харис беше првиот стрелец во македонскиот тим со 20 поени и 9 асистенции, додека како двоцифрени натпреварот го завршија и Лахланд Андерсон со 10 поени, и Ландриус Хортон со 10 поени и 6 скока.
Избраниците на Смилковски немаат многу време за одмор, бидејќи беќе в четврток ги чека нов натпревар, овој пат против Академик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА