Бидете спремни за претстојните спортски натпревари со Neo QLED телевизорите

Телевизорот без сомнение е централната точка на секој модерен дом, особено за време на големите спортски натпревари. А, бидејќи еден се приближува, време е да го изберете најдобриот телевизор со соодветна големина, за да не пропуштите ни еден важен момент.

Навивајте од трибината во вашиот дом

Кога бирате телевизор, мора да бидете реалистични, бидејќи колку и да ви се допаѓа идејата за „поголемо е подобро“, треба да ја земете предвид и големината на вашата соба. Целта е да се избере што поголем телевизор, имајќи го предвид аголот на гледање, кој треба да зафаќа 40% од видното поле. Исто така, треба да се земе предвид и растојанието помеѓу фотелјата и телевизорот. Токму, Samsung Neo QLED телевизорите доаѓаат со големи екрани во неверојатна 4K и 8K резолуција, што ќе ви даде чувство како да сте на трибините во живо.

Не пропуштајте ниту еден детал од натпреварот

Најновите модели на Neo QLED телевизорите откриваат скриени детали и контраст на бојата, таша што со било кое ниво на осветлување нема да се изгуби ниту еден детал, а боите ќе бидат беспрекорни. Благодарение на Quantum Dot технологијата, која ја анализира количината на светлина на сцената и ги оптимизира боите на екранот, можете да бидете сигурни дека нема да пропуштите ниту еден момент додека навивате за вашиот тим.Токму оваа карактеристика  ви овозможува да ја прилагодите сликата на телевизорот според вашиот амбиент.

За уште понапредни визуелни детали и реални прикази се грижи Neo Quantum Pro 8K процесорот кој ја придвижува вештачката интелигенција. Иновативниот Neo Quantum процесор го оптимизира дисплејот прилагодувајќи се на спортската содржина на екранот, за беспрекорна и глатка слика со висока стабилност. Покрај тоа, новите модели на Neo QLED телевизори ги красат милијарда прецизни нијанси, и сто процентен волумен на боја, кој со помош на Quantum Dot технологијата се овозможува да го доживеете светот во сите негови бои од удобноста на вашиот дом. Одличната светлина на сликата ќе обезбеди гледање спортски содржини во текот на  целиот ден, без оглед на нивото на осветлување во околината. Спортските моменти се секогаш полни со адреналин и брзина, поради што секогаш ќе имате максимално беспрекорен пренос на најважните делови од играта.

А, за очите да не станат тешки и уморни, тука е „Eye Care“ сертификатот кој го поседуваат Neo QLED телевизорите. Тој не се однесува само на одличниот квалитет на сликата, туку и на грижата за корисниците, бидејќи е безбеден и нежен за човечкото око.

 

Уживајте во звуците на прославата по дадениот гол на вашиот тим  

Бучавата внатре или надвор од домот не претставува проблем ако гледате на Neo QLED телевизор за време на страсното навивање. Со помош на автоматски оптимизиран звук кој се прилагодува на просторот, можете да слушнете беспрекорен звук, дури и кога некој во куќата вакуумира или на улица трубат автомобили. SpaceFit технологијата за звук ја анализира околината за автоматско подесување на звукот на телевизорот, овозможувајќи ви едноставно да го вклучите телевизорот и да му пропуштите да го направи останатото за вас.

Освен тоа, за звукот да биде најквалитетен се грижи Object Tracking Sound Pro технологијата (OTS Pro), која гарантира дека звукот го следи дејството и според тоа прецизно го репродуцира на звучниците. Active Voice Amplifier, чија цел е да ја анализира бучавата од околината, во согласност со него ги засилува гласовите на екранот, тука е за ништо да не го отежнува и смета во слушањето на коментаторите на натпреварите.

 

Загрејте се со виртуелни дуели

Кога сакате да се загреете пред важен натпревар или мора да го одржувате својот адреналин во текот на времето, на Neo QLED телевизорот играјте виртуелен фудбалски натпревар преку конзола или компјутер. Ако сè уште не сте ја испробале магијата на виртуелниот свет, одличниот Samsung Neo QLED телевизор е идеален за тоа. Super Ultrawide GameView опцијата обезбедува широк преглед на сите сцени во видео игрите, додека Object Tracking Sound технологијата според сцените го дистрибуира звукот во просторијата. За се да тече непречено, не само додека играте, туку и додека ги гледате омилените филмови и серии, ќе се погрижи за стапка на освежување од 120 HZ.

Искористете ја промотивната понуда каде што со купувањето на Samsung Neo QLED телевизор за 2021 година можете да добиете и продолжена гаранција во траење од пет години до 30 јуни 2021 година. Исто така, Samsung во пресрет на големото фудбалско натпреварување има акција на големи 75” и 85“ екрани, коja траe до 11 јули 2021 година. Со новите Neo QLED и Crystal UHD телевизори, на подарок се добива и soundbar звучник по регистација на нарачката на ce.promotion@samsung.com.

Се вчитува...