Лидс Јунајтед и Астон Вила одиграа натпревар кој долго ќе се памети по фер-плеј потегот на домашниот тим. Откако постигнаа ’нечесен’ гол во период кога противнички фудбалер лежеше на теренот, менаџерот на Лидс, Марсело Биелса, им нареди на фудбалерите да ’пуштат’ погодок за Астон Вила. Само што тргнаа од центарот, противничките фудбалери небранети речиси од никого го израмнија резултатот, а единствен кој не ја испочитува наредбата беше шведскиот интернационалец Понтус Јансон. И тоа го навреди менаџерот Биелса.
„Јансон не сакаше да ја испочитува наредбата што ја дадов. Тоа го поткопува мојот авторитет и не знам кои какви се последиците кога ќе го загубиш респектот од свој фудбалер. Тој не го слуша тренерот“, изјави Марсело Биелса, кој инсистираше на фер-плеј.
Езгјан Алиоски поради операцијата на менискусот на левото колено не беше во составот на Лидс Јунајтед и за него сезоната е завршена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА