Пеп Гвардиола ја продолжи доминацијата на Манчестер Сити во Премиер-лигата и сосема заслужено добива комплименти од сите страни. Тактичката генијалност на Пеп најдобро ја отслика стратегот на Лидс, Марсело Биелса, кого многумина го сметаат за ментор на Гвардиола, но Аргентинецот смета дека таквите комплименти се незаслужени.
„Свесен сум за комплименти што Пеп ми ги има давано низ годините, но доколку се навратиме на сите негови тимови и на сите мои тимови, никогаш моја екипа не играла ни приближно добро како Барса, Баерн или Манчестер Сити под негово водство. Тој е најдобриот, нема никаква дилема. Она што го прави посебен е фактот дека никој никогаш не играл фудбал како екипите што тој ги води, ниту пак некој може да го копира. Кога го гледам Сити како игра, се чувствувам фудбалски необразовано“ – истакна Биелса.
Менаџерот на Лидс пред себе има голем предизвик, да го внесе овој тим во Премиер-лигата. Лидс на првиот меч од баражот на гостински терен го совлада Дерби со 0-1, предност што ќе ја брани на „Иланд роуд“ за место во плејофот што ќе се игра на „Вембли“, против Астон Вила или ВБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА