Аргентинскиот стратег Марсело Биелса ќе седне на клупата на францускиот прволигаш Лил по завршувањето на оваа сезона. Тој ќе потпише двегодишен договор и ќе го наследи на кормилото Франк Паси.
„Марсело Биелса е едно од најреспектабилните тренерски имиња во светот и ние сме горди што ќе соработуваме со него во Лил, почнувајќи од следната сезона. Тоа исто така ги истакнува и нашите високи амбиции за периодот што следи“, изјави клупскиот директор Марк Ингла.
Оваа сезона Лил не игра значајна улога во првенството на Франција и во моментов се наоѓа на 14.позиција со 29 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА