Биелса: Виновен сум само јас… Со вакви фудбалери не успеав…

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса ги изрази своите впечатоци по поразот од Колумбија на Копа Америка.

Колумбија го совлада Уругвај со 1-0 и се пласираше во финалето на континенталното натпреварување каде ќе ги одмери силите против Аргентина.

Биелса ја презеде одговорноста за поразот велејќи дека иако имаа играч повеќе цело второ полувреме негова е вината што не успеаја да победат.

„Гледајќи го индивидуалниот квалитет, јасно беше дека Уругвај е фаворит. Според мене, имам тим со посилен индивидуален талент од противникот, но не успеавме да ја материјализираме таа разлика. Јас сум виновен, бидејќи не успеав со вакви играчи“, рече Биелса.

Се вчитува...