Голгетерот на Штутгарт и на репрезентацијата на БиХ, Ермедин Демировиќ, потврди за германските медиуми дека ќе го исполни ветувањето дадено пред баражите – дека ќе го „чести пиво цел Штутгарт“ ако успее со својата национална селекција да се пласира на СП 2026.
„Ако успееме, ви се колнам. Ќе го честам цел Штутгарт. Пиво ќе се пие на моја сметка… сите навивачи. Ви се колнам, тоа би било многу лудо“, коментираше Демировиќ.
Две седмици подоцна, коцките се поклопија, а БиХ со пенал победите над Велс и над Италија се пласираше на вториот фудбалски мундијал во историјата на оваа земја.
„Останувам на дадениот збор. Првата тура е на мене. Сите навивачи на Штутгарт мже да се напијат. Ќе биде скапо, но ќе го сторам тоа со задоволство“, порача босанскиот голгетер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

