Во А сегментот од Лигата на Нации, вечерва се одиграа два натпревари, и покрај тоа што однапред се знаеше исходот на табелата. Унгарија – Германија и БИХ – Холандија завршија двата меча со идентични 1-1.
Германија имаше водство во Будимпешта, се до последните мигови кога од пенал Унгарија успеа да освои бод, кој ништо не значи. Нмеча го постигна својот деби гол за Германија во 76 минута и донесе предност. Собослаи од пенал со паненка во 99 минута успеа да донесе бод.
БИХ после слабите изданија, одигра нерешено на свој терен против Холандија. Холанѓаните со голот на Броби во 24. минута имаа предност, а Демировиќ успеа да ја анулира предноста во 67. минута.
Од претходно беше познато дека Германија заедно со Холандија одат во 1/4 финалето во Лигата на Нации, заедно со Шпанија, Данска, Франција, Италија, Португалија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА