Репрезентацијата на Луксембург ја совлада БИХ на гостински терен, а тоа беше доволно челниците на босанската федерација да го вклучат алармот. Информациите говорат дека БИХ размислува за Младен Крстајиќ, актуелниот селектор на Бугарија би можел да го замени Фарук Хаџибегиќ, откако беше побарана негова смена после дебаклот од Луксембург.
Крстајиќ веќе некое време е под критики од страна на бугарската јавност поради играта и резутлатите, и покрај тоа што одигра 1-1 пред неколку дена против Србија.
БИХ и претходно сакаше да го доведе Крстајиќ, но тогаш не успеа. Крстајиќ беше и на селекторската позиција на Србија во 2018/2019, со која беше на СП во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА