БИХ ѝ нанесе дебакл на Хрватска и ја оддалечи од Евробаскетот

Денеска низ Европа се играа неколку квалификациски натпревари за пласман на Евробаскетот. Запаметен ќе остане убедливиот пораз на Хрватска на гостувањето во БИХ со 20 разлика.

БИХ на крајот славеше триумф од 110-90, и со тоа го оддалечи хрватскиот национален тим од пласман на ЕП. Со оглед дека Хрватска беше подобра во првиот меч со 13 разлика, сега Босанците се подобри во меѓусебниот дуел, сега мисијата за „коцкастите“ е тешка.

Двете репрезентации се на 2-2, апсолутниот фаворит во групата Франција е прв со 4-0, а аутсајдерот Кипар последен со 0-4, но како еден од домаќините има загарантирано место во Евробаскет. Тоа значи дека, за разлика од сите други групи, три репрезентации се борат за две места, односно покрај доминантната Франција, за едно место се борат Хрватска и БиХ.

За да се пласира на Евробаскетот, Хрватска сега треба да ја победи Франција на домашен терен во 5. коло или да го чека киксот на БиХ против Кипар, а потоа да ја заврши работата на гостувањето во Кипар. Тие натпревари ќе се играат на 21 и 24 февруари 2025 година, а бидејќи ова не се термини за Евролигата, сите играчи треба да бидат достапни освен оние во Америка.

КВАЛИФИКАЦИИ, ЕВРОБАСКЕТ

РЕЗУЛТАТИ

ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА 77-70

ГРУЗИЈА – ФИНСКА 81-64

ЕСТОНИЈА – ПОЛСКА 86-88

ФРАНЦИЈА – КИПАР 85-70

ГРЦИЈА – В.БРИТАНИЈА 77-67

БИХ – ХРВАТСКА 110-90

ЛИТВАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 94-72

Се вчитува...