БИХ немаше сили за нова сензација, Британците го запишаа и четвртиот пораз

Досега се одиграа четири натпревари во денешниот ден од Евробаскетот низ кои немаше изненадувачки резултати.

Во првиот меч денеска, Турција ја совлада Белгија со 78-63. Уште во првата четвртина Турците направија голема предност (20-6), која ја одржуваа до крајот на меот.

Полска беше подобра од Холандија со 75-69. Полјаците триумфираа благодарение на одличната патија во последната четвртина, која ја добија со 13 разлика (27-14).

Естонија беше подобра од Велија Британија и без проблеми победи со 94-62. За Британците ова беше четврти пораз, со кој уште од сега може да се пакуваат за елиминација.

После победата над Словенија, селекцијата на БИХ немаше сили за нова сензација против Франција. Иако Босанците добро го почнаа првиот период и беа во егал, сепак во вториот Франција направи добра предност од 10 разлика. Меѓутоа БИХ се врати во третиот период кој го доби со 16-8, но клучна беше последната четвртина која Французите ја добија со 29-18.

Се вчитува...