Голем дел од репрезентациите од поранешните југословенски простори денеска ги одиграа натпреварите од 4. коло во квалификациите за Европското првенство. Босна и Херцеговина успеа да стигне до голем бод на гостувањето кај светскиот шампион Франција играјќи 1-1. Един Џеко донесе водство за гостите во 36. минута, а само четири минути подоцна Гризман ги постави конечните 1-1. За издвојување е и црвениот картон кој го доби Жул Кунде во 51. минута.
Хрватска одигра реми на гостувањето кај Русија 0-0, додека без победник заврши мечот меѓу Словенија и Словачка (1-1). Црна Гора успеа да анулира негатива од два гола на гостувањето кај Турција и на крајот да стигне до голем бод (2-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА