БиХ слави пласман во нокаут фазата, Франција убедливо го совлада Исланд

Натпреварот со многу подеми и падови, по голема драма, отиде во корист на Босна и Херцеговина. „Змејовите“ имаат големи причини да бидат среќни, бидејќи се пласираа во нокаут фазата на Евробаскетот. Избраниците на Азиз Бекир ја победија Грузија со 80:74 (20:15, 27:20, 20:27, 13:12) и со тоа обезбедија пласман во следната фаза. 

Сè уште не е познато дали ќе завршат како трет или четврти најдобар тим во Групата Ц, за тоа ќе мора да почекаат на конечниот исход од дуелот меѓу Шпанија и Грција.

Сепак, тоа не е толку важно со оглед на тоа што првичната цел е постигната. Дури пет босански кошаркари го завршија натпреварот со двоцифрен учинок, но меѓу „змејовите“, секако, Јусуф Нуркиќ е лидер, кој имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и 12 скока.

Француската кошаркарска репрезентација денес ја победи селекцијата на Исланд со резултат од 114:74 во последното, петто коло од групата Д на Европското првенство во Катовице.

Најефикасен играч за францускиот тим беше Закари Ризашер со 15 поени, додека Ели Окобо додаде 14. Најдобар играч за исландскиот тим беше Мартин Хермансон со 15 поени.

Франција ја заврши групната фаза со четири победи и еден пораз, додека Исланд ги загуби сите пет натпревари. 

Се вчитува...