Репрезентацијата на Италија ќе пропушти и трето Светско првенство по ред, откако вечерва беше елиминирана од БиХ во финалниот бараж во Зеница по изведувањето на пенали. Некогашниот светски првак не успеа да се пласира на Мундијалот, и ќе го пропушти и овогодинешниот, после оние во 2018 и 2022. На патот кон 2022 беа елиминирани од Македонија.
Интересен и возбудлив беше дуелот во Зеница, кој заврши нерешено 1:1 во регуларниот дел. Италија поведе со гол на Кен по грешката на голманот Васиљ, а потоа израмни Табаковиќ во 79. минута, откако БиХ имаше играч повеќе по црвениот картон на Бастони.
И по продолженијата немаше промена на резултатот, па пеналите го одлучуваа патникот на Мундијалот.
Најпрво погоди Тахировиќ, а потоа Пио Еспозито шутираше високо над голот. Табаковиќ одлично погоди во втората серија, но погоди и Тонали. Алајбеговиќ беше прецизен, а Кристанте ја погоди пречката, па БиХ имаше голема шанса да се пласира на Мундијалот.
Бајрактаревиќ со многу среќа успеа да погоди и така да се пласира на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

