Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му врачи потврда за државјанство на НФЛ тренерот Бил Беличек, тренерот со најмногу трофеи во историјата на американскиот фудбал.
Пленковиќ истакна дека неговите баба и дедо емигрирале во САД од Драганиќ кон крајот на 19 век.
„Задоволство ми е да му врачам уверение за државјанство на господинот Беличек. Посебно го ценевме фактот што речиси секогаш и со изјави и со одредени симболи даваше до знаење дека има хрватско потекло и дека е горд на татковината на својот дедо и на неговите семејни корени“, изјави Пленковиќ.
Беличек истакна дека за него е голема чест и дека е среќен што е во Хрватска. Зборувајќи за своето потекло, тој рече дека татко му пораснал во домаќинство во кое се зборувало само хрватски, бидејќи неговите баба и дедо, кои емигрирале во САД, не зборувале англиски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

