Бил Беличек најде нова работа, но не во НФЛ

Еден од најдобрите тренери во историјата на американскиот фудбал, Бил Беличек го презеде раковдството со Универзитетот во Северна Каролина (UNC).

Познатиот стручњак помина 24 сезони како главен тренер на НФЛ франшизата Њу Ингланд патриотс, со кој шест пати го освои Суперболот. Тој исто така освои две титули како одбранбен координатор на Њујорк Џајантс.

„Возбуден сум поради новата можност. Пораснав играјќи фудбал на колеџ со татко ми  Со нетрпение очекувам да ја изградам фудбалската програма во Чапел Хил“, рече Беличик.

Седумдесет и двегодишниот тренер се согласил на петгодишен договор за кој се уште се чека одобрение од Управниот одбор. Неофицијално се дознава дека ќе добива по шест милиони долари по сезона.

Се вчитува...